Top Sport

Нова „бомба“ од Минхен – Инсиње ќе потпише со Баерн

Германскиот великан Баерн Минхен, подготвува уште еден Божикен подарок за своите навивачи. По веста на „ТНТ“ Бразил, дека Рафиња од Лидс, во зимскиот преоден рок ќе го засили Баерн, „Газета дело Спорт“, објави дека Баварците се заинтересирани за Лоренцо Инсиње.

Капитенот на Наполи, како сега стојат работите нема да го продолжи договорот со клубот. Од 1.јануари тој може да преговара со сите заинтересирани клубови и да потпише преддоговор. По завршувањето на сезоната тој како слободен играч ќе замине од Неапол.

„Газета дело Спорт“, пишува дека Инсиње сигурно ќе ја продолжи кариерата во Минхен.

Доколку најавите се точни, дека во Баерн ќе играат Рафиња и Инсиње, тоа значи дека Баварците, во летниот преоден рок, ќе го продадат Кингсли Коман.

Праксата на Баерн е во секој момент да има четворица крилни играчи, во случајот покрај наведените двајца тука би биле Серж Ганбри и Лирој Сане.

Scroll to Top