Top Sport

Нова добра контрола на Белгија (видео)

Белгија беше поуспешна од Египет во пријателскиот меч на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел, победувајќи со 3:0 со головите на Ромелу Лукаку, Еден Азар и Маруан Фелаини.

Во африканската селекција го немаше Мохамед Салах, чија повреда на рамото уште го загрижува селекторот на Египет, ветеранот Ектор Купер, и без него, Египет не можеше повеќе против силниот белгиски тим полн со ѕвезди од најголемите европски клубови.

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Лукаку ги донесе Белгијците во водство во 28. минута од мечот, одлично реагирајќи во шестнаесетникот на Египет, пред ѕвездата на Челси, Еден Азар само девет минути подоцна да постигне убав гол за 2:0.

Конечните 3:0 беа поставени во 92. минута, преку искусниот Маруан Фелаини, кој бара нов клуб по завршувањето на договорот со Манчестер јунајтед.

Во другите пријателски натпревари, две селекции кои не настапуваат на Мундијалот, Белорусија и Унгарија одиграа 1:1, додека Норвешка (која исто така не е на СП), со 1:0 ја совлада Панама, која изненадувачки е на СП откако успеа да ги помине САД во квалификациите.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

Белорусија – Унгарија 1:1

Норвешка – Панама 1:0

Белгија – Египет 3:0



Scroll to Top