Турската Суперлига ќе има супер-интересна завршница во која на Башакшехир може скапо да ги чини 1:1 ремито против Сиваспор, благодарение на бразилскиот ветеран Робињо.
Башакшехир, новиот силен клуб од Истанбул, беше многу блиску до победа и до преземање на првото место на табелата, откако водеше со голот на Ријад Бајиќ во 14. минута, но, на крајот мечот го завршија со само еден поени и со девет играчи.
Марсио Мосоро доби втор жолт картон во финишот на полувремето, оставајќи ги Башакшехир да се борат за задржување на водството во вторите 45 минути. Ова им одеше успешно сè до 92. минута кога поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Робињо не упати незгоден удар од страна, а голманот Бабаџан направи тешка глупост и сам ја смести топката во својата мрежа.
Тука драмата не заврши, откако засилувањето на Башакшехир од Барселона, Арда Туран доби црвен картон во 95. минута откако го турна помошникот судија.
Сега, Башакшехир се израмнети со првопласираниот Галатасарај со 66 поени, но Галата има натпревар помалку. На третото место се Фенербахче со 63 поени, а четврти Бешикташ со 62 поени. Галата, Фенер и Бешикташ имаат уште три натпревари, а Башакшехир уште два меча до крајот на сезоната.