Top Sport

Нова ФА куп сензација – четвртолигашот Њупорт го исфрли Лестер (видео)

Англискиот ФА куп е совршена шанса за малите англиски клубови да се обидат да направат некој голем резултат и да исфрлат од натпреварувањето клубови со многу поголем буџет од нивниот. Тоа уште еднаш се покажа во неделата, откако четвртолигашот Њупорт каунти со 2:1 го победи поранешниот шампион од Премиер лигата, Лестер сити.

Клубот од јужен Велс ја најави сензацијата во 10. минута од мечот кога Џамил Мет со глава го совлада голманот Дени Ворд, но се чинеше дека ќе има барем преигрување на мечот, кога во 82. минута Рашид Газал со удар од далечина по мешаницата во домашниот шестнаесетник израмни на 1:1.

Сепак, во 85. минута, Марк Олбрајтон играше со рака во својот шестнаесетник, и Њупорт доби шанса од пенал да го реши мечот, и сигурен „егзекутор“ беше Ирецот Падраг Емонд.

Scroll to Top