Ливерпул утре од 17.30 го игра мечот против Тотенхем на „Енфилд“ од 32 коло во Премиер лигата, а вчера Хрватот Дејан Ловрен на лесен тренинг пред мечот непромислено стартувл врз соиграчот Наби Кеита и го повредил.
Тренерот на „црвените“ Јирген Клоп изненадно се најде во проблеми пред битното гостување во Лондон, па веднаш на тренингот збеснал неможејќи да верува како Ловрен е несериозен. Кога веста за повредата на Кеита излезе во јавност, Хрватот повторно се најде на мета на навивачите.
„Најблагите“ коментари на социјалните мрежи за Ловрен се од типот „Ти не си нормален“. Можеме да претпоставиме што ќе се случи доколку Ловрен стапне на „Енфилд“ во текот на утрешниот меч.