Top Sport

Нова „нула“ на Интер, осум меча без победа (видео)

Интер никако да излезе од „зимскиот сон“, откако осум натпревари во низа не успева да победи во Серија А, одигрувајќи само 1:1 со тимот на Кротоне.

Без повредениот капитен Мауро Икарди, Интер немаше многу опции во нападот, но сепак, стигнаа во водство во 23. минута, откако Брозовиќ од корнер го најде Едер, кој го совлада Алекс Кордаз. Ова е четврти гол на Едер во последните три натпревари.

Предноста на домаќините на „Сан Сиро“ траеше до 60-тата минута, кога Андреа Барберис израмни за Кротоне, на чија клупа е Валтер Ѕенга, кој поголемиот дел од кариерата го мина меѓу диреците на голот на Интер.

Scroll to Top