Фудбалерот на Борусија Дортмунд, норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд ќе отсуствува од терените неколку недели поради повреда на мускул кај колкот, рече вчера неговиот тренер Марко Росе.
Халанд се врати на теренот минатата недела откако претходно паузираше поради повреда на мускул. Беше стрелец на два гола на дуелот со Мајнц, а потоа во вторникот го одигра целиот меч против Ајакс во ЛШ што „милионерите“ го загубија со 4-0.
„Тој ќе паузира, ќе бидеме без него неколку недели. Има повреда на флексорот на колкот поради што не е во можност да игра. Ерлинг против Ајакс беше навистина нерасположен. Тоа што повторно отсуствува не е добро за нас, а не е добро ниту за него. Сепак, Ерлинг ја има поддршката од клубот и екипата“ рече тренерот на Борусија.
Халанд поради повредата ги пропушти и двата меча на Норвешка во квалификациите за Мундијалот во Катар. Во ноември неговата селекција ја очекуваат дуелите со Летонија, односно Холандија.