Top Sport

Нова повреда за Де Бројне – ќе паузира најмалку 5 недели

Белгиецот Кевин де Бројне нема да може да настапи на манчестерското дерби и ќе паузира до почетокот на декември, откако доби повреда на коленото во мечот од Карабао купот против Фулам во четвртокот.

27-годишниот Де Бројне, кој неодамна се врати на терените по пауза од 10 натпревари со повреда на лигаментите на десното колено, немаше среќа откако дефанзивецот на Фулам, Тимоти Фосу-Менсах падна на неговите нозе и му го повреди левото колено.

Белгиецот сигурно нема да игра на следните два меча на Сити, против Саутемптон во недела и против Шахтјор Доњецк во среда, по што следува интернационалната пауза по дербито со Манчестер јунајтед. Сити се враќаат на 24 ноември против Вест хем, а три дена подоцна играат со Лион.

Scroll to Top