Жоел Лобанзо, 17-годишниот фудбалер на Антверпен почина откако доби срцев напад, потврди белгискиот тим кој служи како „јуниорски погон“ на Манчестер јунајтед. Ова го потврдија од белгискиот тим преку својот официјален веб-сајт.
Лобанзо добил срцев напад додека тренирал со тимот под 19 години во вторникот навечер, по што бил пренесен во болница, каде што останал во критична состојба пред да почине во средата.
„17-годишниот младински фудбалер на РАФЦ почина минатата вечер. Младиот фудбалер имаше ненадеен срцев напад на тренингот во вторникот. Медицинскиот советник и тренерите кои беа блиску веднаш почнаа со реанимација, по што тој беше пренесен во клиниката во критична состојба“, се вели во соопштението на Ројал Антверпен.