Top Sport

Новата понуда на Реал не ги задоволува апетитие на Роналдо

Нов ден, нова епизода од „шпанската серија“, поврзана со заминувањето или останувањето на Кристијано Роналдо во Реал.

Најновите информации што ги лиферуваат шпанските медиуми говорат дека Реал е подготвен да му ја зголеми платата на својот најдобар фудбалер, но дека тоа нема да ги задоволи мегаломанските апетити на Португалецот.

Роналдо сака да има поголема годишна плата од она што заработуваат Нејмар во ПСЖ и Лионел Меси во Барселона.

Според сегашните примања, Португалецот е далеку зад Бразилецот и Аргентинецот. Годишната плата на Роналдо изнесува 21 милиони евра, Нејмар заработува 35 милиони годишно, а Меси речиси 40 милиони евра по година.

Весникот „Ас“, пишува, дека Реал му понудил на Кристијано годишна плата од 25 милиони евра и плус уште 7,5 милиони евра низ разни бонуси, што би зависеле од голгетерскиот учинок и освоените трофеи.

И со ваквото зголемување Роналдо според годишната плата би бил зад Нејмар и Меси.

Поради тоа, медиумите на Пиринеите изминатата недела шпекулираат дека Кристијано е подготвен за да врати во Манчестер јунајтед, клуб од кој во 2009 година за 94 милиони евра пристигна во Реал.

Scroll to Top