Top Sport

Новата сезона нека се игра од февруари до ноември

Поранешниот извршен директор на Милан и потпретседател на клубот, Адријано Галијани, има решение за проблемите што на фудбалот му ги направи пандемијата на вирусот КОВИД-19.

Галија кој сега е извршен директор на Монца, смета дека наредната сезона треба да се одигра во една календарска година. На ваков начин се играат шампионатите во Јужа Америка, а до пред неколку години според овој систем се играа првенствата и во поранешните републики на СССР.

Предлогот на Галијани е сезоната 2020/2021 во целост да биде одиграна во 2021 година, односно да започне во февруари и да се игра до ноември.

„Сезоната 2020/2021 и наредната започнат во февруари. Во јули и август натпреварите би се играле само навечер. Тоа би било уживање за гледачите, мислам дека би се зголемила посетата на стадионите“, рекол Галијани за „Газета дело Спорт“.

Scroll to Top