Top Sport

Нови главоболки за Марадона, син му е во болница поради Ковид 19

Само што излезе од болница по операцијата на хематом во главата, славниот аргентински фудбалер, Диего Марадона има нов проблем.

Неговиот син, Диего Армандо Јуниор се наоѓа во болница во Неапол поради висока температура и силна кашлица. Тој е позитивен на коронавирусот, а според информациите на италијанските медиуми, докторите се обидуваат да му ја спуштат температурата.

Последните недели беа тешки за семејството Марадона, пред се поради операцијата на главата на Диего. За негова среќа се добро помина, и тој е пуштен на домашна рехабилитација.

Scroll to Top