Магазинот „Франс Фудбал“ продолжи со објавувањето на имињата на 30 играчи што влегуваат во конкуренција за „Златна топка“, најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот.
Откако „Франс фудбал“ ги објави имињата на првите десетмина фудбалери (Нејмар, Лука Модриќ, Марсело, Паоло Дибала, Н’Голо Канте, Облак, Серхио Рамос, Мертенс, Луис Суарез, Кутињо), пред половина час со нови пет имиња.
Во конкуренција за „Златната топка“ влегуваат и напаѓачите на Рома, Баерн и Тотенхем, Един Џеко, Роберт Левандовски, голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, и фудбалерот на Манчестер сити, Кевин де Брујне.
Во изборот на „Франс фудбал“ учествуваат новинари од целиот свет, а за наградата на ФИФА гласаат капитените и селекторите на сите репрезентации кои се членки на светската куќа на фудбалот.
Фаворит за освојување на наградата за 2017 година е актуелниот победник Кристијано Роналдо, кој во случај да ја добие „Златната топка“ ќе се израмни со рекордерот Лионел Меси, кој е петкратен освојувач на наградата. н.ц.