Тренерот на Милан, Стефано Пиоли нема да може да смета на Жуниор Месијас и на Раде Круниќ на мечот со Специја овој викенд и не е јасно дали тие ќе се опорават на време за реваншот против Интер во Лигата на шампионите веќе во среда.
При поразот од 0:2 од Интер, Милан претходно остана и без Исмаел Бенасер, кој го повреди коленото и ќе мора да оди на операција завршувајќи ја сезоната. Во исто време, Рафаел Леао не беше достапе за тој меч, но работи на враќање за реваншот.
Според „Калчомеркато“, Месијас има повреда на стомачните мускули, додека Круниќ се мачи со повреда на деесното колено.
#Milan, problemi fisici per Krunic e Messias: non convocati per lo Spezia https://t.co/TCjhGLIgnn pic.twitter.com/V79hfBFDmc
— calciomercato.com (@cmdotcom) May 12, 2023