Top Sport

Нови проблеми за Милан, Златан пак е повреден

Сезоната започна со проблем со коленото, и само што се врати на теренот, пак мораше да оди на пауза – овојпат поради петата. Делуваше дека Златан Ибрахимовиќ (40) во целост е опорави, но Стефано Пиоли откри нови лоши вести за фановите на „Росонерите“.

Искусниот напаѓач повторно е повреден и ќе го пропушти утрешниот меч со Емполи. Пак му е повредено коленото, но сепак стратегот на Милан смета дека Златан ќе биде подготвен за викенд – дербито со Рома на „Сан Сиро“.

Милан нагости кај Емполи ќе бара излез од кризата во која западна затоа што „црно-црвените“ освоија само 7 бода на последните 5 меча.

Ќе мораат до победа без Ибрахимовиќ за кого ова ќе е седми пропуштен меч поради повреда, а еден натпревар преседе на клупата.

Scroll to Top