Top Sport

„Новинарите не плукаат од љубомора бидејќи не знаат да играат фудбал“

Реал Мадрид, успеа да слави против Викторија Плзен (2:1), во Лигата на шампионите и барем за момент да го врати мирот во соблекувалната пред дуелот со Барселона.

„Кралскиот клуб“ победи по пауза од шест натпревари со головите на Бензема и Марсело, а во финишот успеа да го одбрани триумфот.

Реал скапо ја плати победата бидејќи Марсело поради повреда пред време го заврши дуелот. Неговиот настап ќе биде неизвесен за дуелот со Барселона, в недела на „Ноу Камп“.

Токму Бразиелцот, по дуелот со Викторија, бил во центарот на вниманието поради изјавата на која шпанските новинари нема да му останат должни.

„Тешко е кога не победувате, но вие цело време пишувате за некаква криза како да сакате да го уништите тимот. Сите новинари плукаат по нас, можеби е тоа од љубомора бидејќи не знаете да играте фудбал“, изјавил Марсело.

Scroll to Top