Top Sport

Новиот „Бернабеу“ ќе биде „бонбона“

И покрај здравствената криза со корона вирусот и очекуваната економска криза во Европа, Реал Мадрид објави дека продолжува со плановите за обнова на нивниот легендарен стадион „Сантијаго Бернабеу“.

Мадрид му дозволи на „Кралскиот клуб“ да почне со работата на 73 години стариот стадион, и клубот преку социјалните мрежи даде проекција на тоа како ќе изгледа стадионот по комплетирањето во текот на есента 2022 година.

Најголемата промена на стадионот ќе биде подвижниот покрив со кој Реал ќе може да игра без пречки во било какви временски услови.

Scroll to Top