Атлетико Мадрид влегле во завршната фаза д преговорите со менаџерот на 17 годишен играч на Фламенго, Реиниер Жесус Карвалјо, пишува „АС“.
Карвалјо е означен како нов бисер на бразилскиот фудбал, а стручњаците му предвидуваат блескава иднина. Оваа сезона дебитирал за сениорскиот тим на Фламенго, четири пати бил во стартниот состав и успеал да постигне три гола.
Откупната клаузула на овој млад фудбалер изнесува 62 милиони евра, а во Атлетико биле сигурни дека можат да го донесат за 50 милиони евра.
Карвалјо со својот Фламенго на 23 ноември ќе се бори за титулата во Копа Либертадорес.