Барселона ќе изгуби помеѓу 15 и 20 милиони евра бидејќи „Најки“ ја одложи промоцијата на новиот дрес.
Компанијата „Најки“ откри дека има проблем со материјалот од кој е изработен дресот. Дресот „пуштал боја“ кога ќе дојдел во допир со вода.
Барселона најавиле дека ќе бараат од „Најки“ да ги обесштети бидејќи е одложена промоцијата. Доколку од компанијата одбијат да платат Барселона ќе го тужи својот спонзор.