На социјалните мрежи се појави изгледот на дресот на Јувентус за наредната сезона. На специјализираниот интернет портал „Footy Headlines“објавени се три гарнитури на опремата на „страта дама“.
Јувентус изминатите години експериментира и прави промени, таков е случај со промената на грбот и со дресовите што се во употреба оваа сезона.
Основната гарнитура за наредната сезона е стандардна црно-бела, гостинската варијанта е сина (со оваа боја Јуве ја освои Лигата на шампионите во 18996 година), додека третата гарнитура на дресови ги изненади фановите, боите се портокалова и црна.
Дали ви се допаѓаат?
⚪⚫ UPDATE: Juventus 20-21 Home Kit + Away & Third Colors & Design Info Leaked [@La_Bianconera]: https://t.co/IEKn8IAjsI
— Footy Headlines (@Footy_Headlines) May 9, 2020