Top Sport

Новиот капитен на Јунајтед, Фернандеш ќе го бојкотира Гери Невил

Новиот капитен на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш ќе ги игнорира сите прашања и ќе избегнува интервјуа со поранешниот капитен на клубот, Гери Невил, лут на критиките кои тој му ги упати минатата сезона, јавува „Сан“.

Португалецот ќе ги игнорира сите обиди за интервју со Невил, лут на коментарите кои ги направи коментаторот при минатосезонскиот засрамувачки 7:0 пораз од Ливерпул, кога го нарече „срамота“ поради неговото наводно барање да биде заменет, нешто што Фернандеш подоцна го демантираше.

Фернандеш ќе биде одговорен за интервјуата како нов капитен на тимот, откако Ерик Тен Хаг реши да го замени Хери Мегваер како лидер на тимот. Тој минатата сезона му беше заменик на Мегваер.

Scroll to Top