Арсен Венгер по завршувањето на сезоната ќе го напушти Арсенал, откако го раскина договорот. Клубот од наредната сезона ќе тргне по нови патеки бидејќи францускиот тренер во Арсенал беше цели 22 години.
Јавноста шпекулира со имињата на тренери што би можеле да го наследат Венгер, меѓутоа кој и да седне на тренерското столче нема да има лесна задача, бидејќи во летниот преоден рок ќе располага со малку пари што ќе може да ги вложи во потенцијални засилувања.
Британски „Телеграф“, објави дека новиот менаџер на Арсенал во летниот преоден рок ќе може да потроши само 50 милиони фунти. Сумата ќе се зголеми доколку наследникот на Венгер успее да продаде некои фудбалери.
Јасно е дека Вилшир ќе замине без обесштетување, неколку екипи се интересираат за Рамзи и Бељерин, а прашање е и дали Лаказет ќе остане во клубот, бидејќи гповеќе не е стартер откако Обамејанг пристигна во клубот.