Top Sport

„Новиот Роналдо“ го избркаа од Ал Духаил, виновен е лидерот на Северна Кореја

Поранешниот играч на Јувентус и еден од најголемите азиски таленти, „Новиот Роналдо“ како што го викаа во Торино – Хан Кванг Сонг (22) доби отказ во екипата на Ал Духаил поради неверојатна причина, а за се е виновен лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.

Информациите се дека голем дел од платата на Сонг тој морал да ја одвојува за лидерот во Кореја, затоа што такви биле правилата во неговата земја. Секој спортист кој игра надвор од границите на земјата е должен да плаќа данок, па затоа клубот му врачил отказ.

„Речиси целата негова заработка е уплатувана кај корејските власти. Во ваков случај, фудбалерот добива само мал дел од „колачот“ – изјавил доктор Рамон Пачеко Пардо – професор на „Кингс колеџот“ од Лондон.

Хан важи за голем талент, минатата сезона му помогна на Ал Духаил да дојде до титулата, а неговата месечна заработка била околу 80.000 евра.

Во кариерата бил дел од шпанскиот нисколигаш Текноклуб, па во Калјари, Перуџа и Јувентус. По Торино, следуваше преселба во Катар.

Scroll to Top