Новиот тренер на Селта, Мигуел Кардосо не ја започна најдобро својата работа, откако по грешка се заблагодар на најголемиот ривал на клубот од Виго, Депортиво Ла Коруња во првата прес-конференција.
„Му благодарам на Реал Клуб Депортиво“, изјави Кардосо на прес-конференцијата, наместо да каже Реал Клуб Селта.
Кардосо, кој на пресот беше придружуван од претседателот и директорот на клубот, бргу сфати што направил, и се поправи, но навивачите сигурно нема да ги освои со вакви потези.
Кардосо, инаку, претходно беше помошник тренер во Депортиво во сезоната 2012/13. Антонио Мохамед беше отпуштен во неделата по 4:2 поразот од Реал Мадрид, оставајќи ја Селта на 14. место на табелата.