Top Sport

Новиот спортски директор на Тотенхем им оди на нерви на играчите

Фудбалерите на Тотенхем се незадоволни од однесувањето на нивниот нов спортски директор, Фабио Паратичи во текот на натпреварите на тимот, тврди британскиот „Сан“.

Според весникот, новиот директор, кој пристигна од Јувентус ова лето, ги нервира  фудбалерите бидејќи е заедно со нивната група при секое патување поради протоколите за заштита од КОВИД-19.

Тотенхем победи на првите три меча од новата сезона во Премиер лигата, но фудбалерите сметаат дека не можат да зборуваат слободно меѓу себе, а ги нервира и тоа што Паратичи и директорот Стив Хичен постојано приговараат на одлуките на судиите, бидејќи се со нив на клупата за резервни играчи.

Scroll to Top