Top Sport

Новиот стадион на Тотенхем ќе чини милијарда фунти

Тотенхем ја удвоија проценката за чинењето на нивниот нов стадион, на неверојатна 1 милијарда фунти, со што би бил најскапиот стадион во Европа.

Претседателот на Спарс, Даниел Леви продолжува со преговорите со неколку спонзори за финансирање на стадионот, кој првично беше проценет на 400 милиони фунти. Ова е второ зголемување на проценката, откако претходно од 400 беше направен скокот на 750 милиони фунти.

Главната причина за зголеменат цена е комплексноста на проектот – стадионот со 61 илјади седишта ќе има одредени делови за НФЛ натпревари, два лизгачки терени и дополнителни соблекувални.

Тимот досега потроши над 100 милиони фунти на изградбата на новиот „Вајт Харт Лејн“.

Scroll to Top