Фудбалерот на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси неодамна доби телефон вреден 19.000 евра. Специјално за него беше дизајниран ајфон од серијата „XS MAX“.
Посебниот примерок е со 24-каратна позлата и со спцијална гравура.
На задниот дел од телефонот се наоѓа неговото пресиме со бројот 10, а под тоа се изгравирани имињата на неговата сопруга Антонела и синовите Тијаго, Матео и Чиро.
Продажната цена на овој телефон е 1.000 евра па нагоре во зависност од меморијата. Најефтиниот модел има 64 гигабајти простор, а најскапиот дури 512.
Месиевиот примерок е 15 –пати поскап од продажната вредност.