Томас Тухел го брои последните месеци од својот мандат во Пари Сен Жермен. Медиумите тврдат дека Германецот има договор со Баерн и дека по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Минхен.
Според француските медиуми спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, ја составил листата на можните наследници на Тухел.
На таа листата имало имиња на тројца италијански тренери.
Најпосакуван бил Масимилијано Алегри кој најави дека наредната сезона сигурно ќе предводи некоја екипа. ПСЖ за Алегри ќе имаат конкуренти од Премиер лигата, а во некои комбинации тој се поврзува и со Атлетико Мадрид.
Втор на спискот бил Симоне Инзаги кој сезонава прави чуда со Лацио. Инзаги со својот тим нема пораз на последните 19 натпревари во Серија А.
Трет е Маурицио Сари, кој сигурно ќе добие отказ доколку не освои ниту една титула со Јувентус оваа сезона.