Top Sport

„Новите“ момци Кутињо и Дембеле со мајсторија за победа (видео)

Барселона стигна до рутинска 2:0 победа на гостувањето кај фенерџијата Малага без својата прва ѕвезда Лео Меси, кој денеска го дочека раѓањето на својот трет син, за Каталонците да се зацврстат на првото место во Ла лига со 72 поени, 11 повеќе од Атлетико Мадрид, кои утре го играат својот меч од 28. коло.

Блауграна дојде рано во водство, откако Жорди Алба фантастично го пронајде Луис Суарез, кој ја продолжи својата голгетерска форма уште во 15. минута.

Вториот гол на Блауграна беше вистинска „уметничка“ минијатура. Усман Дембеле му даде совршено додавање на најновиот член на Барса, Филип Кутињо, кој со петица ја смести топката во голот на домаќините.

Малага од 30-тата минута играше со 10 играчи по исклучувањето на Самуел Гарсија по еден непромислен старт, но Барса не успеа да го искористи ова до крајот на натпреварот. Со поразот Малага остана на последното место со само 13 поени, дури 11 од безбедната зона, така што тимот од југот на Шпанија веќе може да се подготвува за второлигашки живот следната сезона.

Семејството Меси го пречека бебето Чиро

Scroll to Top