Top Sport

Ново понижување за Анри и Монако (видео)

Кога се мислеше дека работите не можат да станат полоши за фудбалската легенда Тјери Анри и неговиот Монако, токму тоа се случи.

Славниот клуб од „Луј втори“ загуби со неверојатни 1:5 од Стразбур дома, сериозно ставајќи го во прашање опстанокот во лигата, а во исто време и кариерата на Французинот.

Уште од почеток се виде дека вечерта нема да биде добра – Налдо доби директен црвен картон по само седум минути игра за старт во ситуација за гол и само 10 минути подоцна беше 0:2. Фалкао ги врати надежите за подвиг со гол во 22. минута, но на стартот на второто полувреме следуваа уште два гола за гостите, кои набргу останаа со 10 играчи. Ниту ова не донесе подобрување на играта и во финишот на мечот, Монако прими уште еден гол.

Монако останува на претпоследното место на табелата само пред Генгам, тим кој загуби денеска со 9:0 од ПСЖ.

Фото: ЕПА

ЛИГА 1, 21.КОЛО

Монако – Стразбур 1:5

Ним – Тулуз 0:1

Ремс – Ница 1:1

Scroll to Top