Top Sport

Новогодишна романтика! Роналдо и Георгина на брод во Дубаи

Кристијано Роналдо ќе ја памети 2018 година – повторно ја освои титулата од ЛШ со Реал Мадрид, пред да го направи најголемиот трансфер на летото со преминот во Јувентус, каде што работите навистина изгледаат добро.

Затоа, прикладно е годината да се заврши со стил. Заедно со својата девојка Георгина Родригез, тој новогодишните празници ги помина во Дубаи, каде што преку Инстаграм се пофали со една романтична фотографија..

Родригез исто така постави фото на социјалните мрежи со едноставна порака: „Аморе мио“ (Љубов моја).

Италијанските таблоиди тврдат дека сега двајцата се свршени, откако Роналдо ја побарал за жена Георгина во ноември. Тие веќе имаат едногодишна ќерка Алана Мартин дос Сантос Авеиро. Инаку, тие се сретнаа во Мадрид во 2016 година и тоа во продавница на „Гучи“, каде што Родригез работеше.

 

View this post on Instagram

 

Amore mio!❤️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

 

View this post on Instagram

 

Volando entre tus brazos ❤️ @cristiano

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Scroll to Top