Top Sport

Нуњез признава: Не го разбирам Клоп

Скапото засилување на Ливерпул, Дарвин Нуњез признава дека му е тешко да го разбере Јирген Клоп при тимските разговори поради јазичната бариера, односно слабото познавање на англискиот јазик.

Уругвајскиот напаѓач никако да влезе во ритам по скапиот трансфер од Бенфика, постигнувајќи само еден гол во седум меча во сите натпреварувања за „црвените“, но вели дека Клоп го охрабрува и покрај маката да го разбере што кажува.

„Вистина е, искрнео не разбирам ништо кога зборува или дели лекции. Секако, потоа ги прашувам соиграчите да дознаам што кажам, но неговиот стил на игра е многу јасен. Од нас бара едноставни работи, да не се плашиме да ја играме нашата игра, да имаме самодоверба. Понекогаш сум неодлучен пред голот, но како што минува времето, станувм подобар. Головите ќе дојдат. Како со шише кечап, прво излегува малку, потоа излегува цел“, вели 23-годишниот Нуњез.

Scroll to Top