Top Sport

Нуно не знае кога и дали ќе биде достапен Кејн

Менаџерот на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто признава дека не е сигурен кога и дали ќе може да смета на Хери Кејн за мечеви во Премиер лигата.

Кејн, кој продолжува со барањето за трансфер во Манчестер сити, кои се подготвени да дадат неверојатни 150 милиони фунти за него, почна со тренинзи со Тотенхем, но сигурно не е за мечот од Конференциската лига на УЕФА против Пакос де Фереира во четврток, а не се знае дали ќе игра против Вулверхемптон во Премиер лигата овој викенд.

„Не можам да одговорам од ова прашање. Знам дека е во подобра форма, дека е фит и дека ќе се приклучи на групните тренинзи во петок. За потоа, ќе видиме. Сите се подготвуваат за новата сезона постепено. Со сите фудбалери зборуваме на дневна база и тоа е нормална процедура“, вели Нуно.

Scroll to Top