Арсенал го реализира трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд. Габонецот со лондоснкиот клуб потпишал повеќегодишен договор.
Обамејанг од 2013 година играше во Дортмунд. За „милионерите“ постигнал 141 гол на 213 натпревари.
He’s ours ✅ #YoPierre https://t.co/DiDb4Ewvt6
— Arsenal FC (@Arsenal) January 31, 2018
Арсенал за Габонецот на Борусија и плати 63,75 милиони евра. Обамејанг на овој начин стана најскапиот фудбалер во историјата на Арсенал.
? Pierre-Emerick #Aubameyang wechselt vom BVB zum FC @Arsenal!
Alle Infos: https://t.co/zxGMwUOUty pic.twitter.com/pkkfDVLPvj
— Borussia Dortmund (@BVB) January 31, 2018
„И покрај сите непријатности кои ги доживеавме изминатите недели, трансферот на Обамејанг во Арсенал ќе го паметиме како успешна приказна. Направи многу добри работи за Борусија, постигна толку многу важни голови и беше дел од тимот кој го освои трофејот во Купот во 2017 година. Попосакуваме се најдобро во Арсенал“, порачал спортскиот директор на Борусија, Михале Цорк.
Обамејанг е второто засилување за Арсенал во овој преоден рок, откако минатата недела во клубот пристигна Ерменецот Хенрик Мхитаријан. Во исто време Арсенал остана без Алексис Санчез кој замина во Манчестер јунајтед и Оливие Жиру кој го засили Челси.