Извесно е дека Пјер-Емерик Обамејанг ќе го напушти Арсенал ова лето. Габонецот вечи дека клубот го држи клучот за неговата иднина. Арсенал досега не му понудиле нов договор на најдобриот стрелец.
Арсенал во јануари 2018 година платија 65 милиони евра за Обамејанг. Неговиот договор со „топџиите“ стекува во јуни 2021 година.
Гласни се најавите дека тој ќе го напушти клубот и дека наскоро ќе ја соопшти одлуката.
„Последните неколку месеци преговарав со клубот, но не добив никаква конкретна, ниту официјална понуда. Челниците се тие кои го држат клучот за мојата иднина. Поради тоа засега ништо не се случило. Одлуката ќе претставува пресврт во мојата кариера. Треба да ја донесам можеби најтешката одлука во кариерата. Се уште ништо не сум решил. Ќе видиме што ќе се случи“, рекол Обамејанг.