Top Sport

Обамејанг: Господине Вацке вие сте кловн

Пјер-Емерик Обамејанг жестоко му возврати на првиот човек на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, кој вчера имаше невкусен коментар за Габонецот.

„Одлично игра во Арсенал и сигурно е среќен кога ќе си ја погледне сметката во банка, но во вторник и среда на ТВ ја гледа Лигата на шампионите“, рекол Вацке.

Обамејанг експресно му одговори на Вацке, кого во објавата на Твитер го нарекува „кловн“.

„Подобро за вас е никогаш да не кажам зошто заминав од Дортмунд. Господине Вацке вие сте кловн. Се сеќавам кога рековте дека нема да го продадете Усман (Дембеле), а кога видовте повеќе од 100 милиони евра веднаш се согласивте. Не зборувајте за пари и ве молам да ме вознемирувате“, напишал Обамејанг.

Габонецот четири и пол сезони го носел дресот на Борусија. Во јануари 2018 година за сума од 65 милиони евра се преселил во Арсенал.

„Обамејанг сега има пари, ама ЛШ гледа на телевизија“

Scroll to Top