Барселона го круниса подобриот старт на неделното „Ел класико“ на „Сантијаго Бернабеу“ со водство од 0:2 по 38 минути игра, откако Пјер-Емерик Обамејанг и Роналд Араухо успеаја да го совадаат Тибо Куртоа за големо водство на каталонскиот клуб
Реал Мадрид без Карим Бензема во нападот имаше малку шанси во првиот половина час игра на домашен терен, а Барселона беше поопасна, што се покажа во 29. минута, кога Усман Дембеле одлично му асистираше на Габонецот, кој ги донесе Каталонците во водство.
Во 38. минута од мечот, неколку минути откако Винисиус Жуниор имаше смешен обид да извлече пенал, по еден корнер, Роналд Араухо беше највисок во скокот.
Тешка задача за тимот на Карло Анчелоти во второто полувреме.
ARAUJO GOAL TO MAKE IT 2-0 IN EL CLASICO pic.twitter.com/rhkaqGRohy
— Ziad is back in pain (@Ziad_EJ) March 20, 2022
Tremendo, Vinicius. Esto es de AMARILLA!!!! ?⚽️#ElClasico #RealMadrid #Barcelona #LaLiga #Referee #Arbitraje #Futbol pic.twitter.com/JSnOS5ChSv
— Román Garza (@romangza) March 20, 2022