Пјер-Емерик Обамејанг ги предводи фудбалерите на Арсенал кои „очајно“ сакаат да си заминат од лондонскиот клуб пред доаѓањето на Микел Артета како тренер на тимот, јавува британскиот „Индепендент“.
Братот на Обамејанг, Вили оваа недела на социјалните мрежи го критикуваше изборот на Артета како нов тренер на Арсенал, но според британскиот весник, капитенот директно им порачал на шефовите на тимот дека сака да замине во тим со кој би можел да се натпреварува за титули.
Арсенал исто така се соочуваат со слична ситуација со Месут Озил, Александер Лаказет и Гранит Џака, иако не се работи директно со најавеното поставување на Артета, туку со чувството дека клубот „нема јасна насока“. Од друга страна, газдите на Арсенал сфаќаат дека мора да има обнова на тимот, посебно по лошите перформанси кои придонесоа Унаи Емери да биде отпуштен.