Арсенал се на пат да го добијат најзначајниот потпис во преодниот рок. Капитенот и најдобар играч Пјер-Емерик Обамејанг ќе го продолжи договорот со клубот.
Микел Артета го убедил Габонецот да остане на „Емирејтс“. Обамејанг според изворите од Англија ќе потпише нов тригодишен договор и стане играч со најголемата плата во тимот. Тоа значи дека Обамејанг ќе има плата поголема од 350.000 фунти на неделно ниво.
Обамејанг во јануари 2018 година од Дортмунд пристигна во Арсенал. Минатата сезона постигна 22 гола во Премиер лигата.