Top Sport

Обамејанг му одговори на Морган: Понекогаш за сите е подобро да се разделиме

Пјер-Емерик Обамејанг одговори на твитот на англискиот новинар и водител Пирс Морган, кој повторно изрази жалење што габонскиот напаѓач си замина од Арсенал, неговиот омилен клуб.

По сагата во јануари, Обамејанг има фантастичен старт на кариерата во Барселона со 6 гола во 9 меча, од кои 5 во Ла лига. Но, и на Арсенал не им оди лошо, тие се на четвртото место во Премиерлигата со пет победи во низа, но Морган не е задоволен.

„Фановите на Арсенал последните два часа ликуваа зошто сме многу подобри без Обамејанг и колку се задоволни што тој си замина. Во исто време, тој го постигна шестиот гол во девет меча во Барселона. Ми недостасуваш Ауба“, напиша Морган на Твитер.

32-годишниот Обамејанг врати со порака.

„Благодарам, Пирс, но понекогаш секому е подобро по разделба и најважно е што сите се среќни сега. И имавме добри моменти кои нема да ги заборавам“, одговори Обамејанг.

Scroll to Top