Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг помина забавна вечер со ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар.
Двајцата изгледаа совршено опуштено во петок навечер, и очигледно се многу добри пријатели кога Габонецот Обамејанг на Инстаграм пораката напиша дека се дружи со „братот Нејмар“.
Двајцата фудбалери во последно време се мета на многу шпекулации за трансфер од сегашните клубови, посебно со Обамејанг, кој беше казнет од Дортмунд поради недисциплина минатиот месец.
28-годишниот Обамејанг се врати на дербито на Рур против Шалке, но повторно беше критикуван, откако доби втор жолт картон и дозволи Шалке да се врати од 0:4 на 4:4. По ова, од германскиот тим најавија дека се подготвени да го продадат „итно“, а Челси и Ливерпул се меѓу заинтересираните.