Top Sport

Обамејанг: Одбив одлични понуди да останам во Арсенал

Капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг откри дека одбил „повеќе добри понуди“ за да остане на „Емирати“, откако потпиша нов тригодишен договор со „топчиите“.

Шпекулациите го поврзуваа габонскиот напаѓач со Барселона и Интер, посебно откако преговорите со Арсенал се одолговлекоа, а 31-годишниот капитен одбиваше да зборува за својата иднина по победата во ФА куп финалето над Челси на 1 август. Сега, тој вели дека има целосна доверба во тренерот Микел Артета и во навивачите на лондонскиот клуб.

„Искрено, две работи ме убедија да останам. Првата беше Микел Артета, бидејќи откако дојде тој донесе позитивна енергија и нова фудбалска филозофија. Мислам дека можам да бидам уште подобар под него и тоа беше клучен фактор, заедно со љубовта која ја добивам од навивачите. Сите се однесуваат одлично кон мене и се чувствувам како дома. Секако, можеш да одиш и да бркаш трофеи со некои други големи клубови, но мислам дека можам да направам нешто со мојот клуб“, вели Обамејанг.

Scroll to Top