Борусија Дортмунд реши да го дисциплинира Пјер-Емерик Обамејанг и да не го постави во составот за дуелот со Штутгарт во петок поради „дисциплински причини“.
Ова беше кратко објавено на официјалниот Твитер профил на германскиот бундеслигаш без дополнителни објаснувања. 28-годишниот репрезентативец на Мали беше обвинуван за падот на формата на Дортмунд последните недели, во кои БВБ победи само еднаш во седум натпревари во сите натпреварувања. Тој последен пат стрелаше кога постигна два гола за 3:2 поразот од РБ Лајпциг на 14 октомври.
„Од мене очекуваат да давам голови и знам дека е тоа мојата работа. Но, секогаш имаме вакви периоди“, изјави Обамејанг пред една недела.
Дортмунд во моментов се само трети во Бундеслигата со шест поени помалку од Баерн Минхен и два зад Лајпциг, по фантастичниот старт на сезоната.