Top Sport

Обамејанг пристигна во Барселона

Пјер-Емерик Обамејанг пристигнал во Барселона. Габонецот се сoгласил до крајот на сезоната да биде позајмен во Барселона. Останува клубовите да го договорат условите под кој Обамејанг ќе настапува во тимот на Чави.

Најголем предизвик за клубовите ќе биде да се договорат на чии платен списoк ќе биде. Обамејанг е еден од најдобро платените играчи во Премиер лигата. Неделно заработува 420.000 евра.

Обамејанг е играч на Арсенал од јануари 2018 година. Во кариерата настапувал во Милан, Дижон, Лил, Монако, Сент Етиен и Борусија Дортмунд.

 

Scroll to Top