Top Sport

Обамејанг се повлече од репрезентацијата на Габон

Пјер-Емерик Обамејанг потврди дека веќе нема да настапува за фудбалската репрезентација на Габон. Ѕвездата на Барселона има 72 настапи и 30 гола во дресот на африканската репрезентација, каде што подолго време беше и капитен.

Обамејанг беше дел од репрезентацијата на Африканскиот куп на нации, меѓутоа мораше да се повлече откако беа забележани проблеми со срцето, наводно поради претходен позитивен тест на КОВИД-19. Тоа не му пречеше подоцна да влезе во топ-форма со Барселона по трансферот од Арсенал во јануари.

„По 13 години гордост со претставување на мојата земја, потврдувам дека ставам крај на интернационалнтаа кариера. Би сакал да се заблагодарам на габонскиот народ кој ме поддржуваше постојано. Благодарам на сите навивачи, на сите мои тренери и соиграчи, како и на претседателот Али Бонго Онимба, кој постојано ги поддржуваше ‘пантерите’ и секогаш работеше за доброто на габонскиот фудбал. На крајот, му се заблагодарувам на мојот татко и се надевам дека го направив горд во нашиот дрес“, вели Обамејанг во отвореното писмо до габонските навивачи.

Scroll to Top