Пјер-Емерик Обамејанг четири и пол години го носел дресот на Борусија Дортмунд. Вистински напаѓач, брз како ветер, на 144 натпревари за „милионерите“ постигнал 98 гола. Во јануари 2018 година, тој но и клубот не можеа да одолеат на понудата од Арсенал, 65 милиони евра за трансфер во Лондон.
Број 1 е и во Арсенал, досега одиграл 56 натпревари постигнал 39 гола и е „полн како брод“, заработува неделно 200.000 фунти.
Прашање е само дали е среќен што квалитетите не може да ги покаже во Лигата на шампионите. На оваа тема проговорил првиот човек на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке.
„Одличноигра во Арсенал и сигурно е среќен кога ќе си ја погледне сметката во банка, но во вторник и среда на ТВ ја гледа Лигата на шампионите“, рекол Вацке.