Top Sport

Обамејанг: За малку ќе завршев во Тотенхем

Капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг признава дека во минатото за малку ќе станел фудбалер на лутите ривали Тотенхем, но посочува дека сега повеќе би сакал да оди во пензија отколку да заврши кај Спарс.

Габонскиот репрезентативец пристигна во Арсенал во 2018 година по пет сезони во Борусија Дортмунд, и признава дека пред пристигнувањето кај „топчиите“ преговарал и со Тотенхем.

„Не треба да го поставувате тоа прашање, секако побргу би се пензионирал отколку да играм за Тотенхем. Пред неколку години бев блиску до потпис со Тотенхем, но не знам што направија тие. Тогаш бев фудбалер на Сент-Етјен, и разговарав со Дортмунд, не се сеќавам детално. Дојдов во Лондон, отидов на ‘Вајт харт лејн’, но не ми дадоа одговор и тоа беше тоа. Затоа секогаш кога играм против нив, имам посебна мотивација“, вели Обамејанг.

Scroll to Top