Top Sport

Обамејанг: Засега сум тука, 100% сум тука!

Пјер-Емерик Обамејанг (30), напаѓачот на лондонски Арсенал и понатаму е еден од најдобрите голгетери во Европа, поради што често се доведува во врска со заминување во друг клуб. По повод таквите гласини, фудбалерот од Габон се огласи за да ги демантира шпекулациите.

Наводно, сјајниот голгетер е незадоволен од состојбата кај „топчиите“, па сакал да си оди од Лондон за да игра во клуб кој се натпреварува во Лигата на шампиони.

Сепак, после синоќешниот триумф над големиот ривал – Манчестер Јунајтед и по доаѓањето на Артета на менаџерската позиција, Обамејанг вели дека никаде нема да оди.

„Англиските медиуми многу сакаат да пишуваат за тоа, Засега сум овде. Оведе сум 100%“ – порача напаѓачот.

За потсетување, тој дојде во Арсенал од Борусија Дортмунд во јануари 2018 година за трансфер вреден 65 милиони евра.
Сезонава Габонецот на 25 меча има 15 постигнати гола.

Scroll to Top