Давење во вода е причина за смртта на Џорџ Балдок, според обдукцијата, пишуваат грчките медиуми.
Како што објави Газета во четвртокот, извештајот од обдукцијата покажал дека фудбалерот се удавил во базенот.
Обдукцијата е извршена на Универзитетот во Атина, на Одделот за медицинска форензика.
Според извештаите, направени се сите потребни токсиколошки испитувања, но деталите од тој дел од истрагата не се објавени бидејќи полицијата се уште ги нема.
Како што покажала обдукцијата, Болдок починал како последица на давење, било утврдено дека имал вода во белите дробови. Потврдено е и дека на телото нема набиеници или какви било повреди кои би укажувале на насилна смрт.