Top Sport

Оби Микел ѝ бил понуден на Црвена звезда

Дејан Станковиќ пред една недела беше промовиран во тренер на Црвена звезда, а со неговото доаѓање познати имиња започнаа да се поврзуваат со трансфери во овој тим.

Во понеделникот српските медиуми објавија дека е можен трансферот на Марио Балотели во црвено-белиот тим. Италијанскиот напаѓач веднаш изјави дека е среќен во Бреша, но не демантираше дека се поврзува со Црвена звезда.

Денес српските медиуми објавија дека на Станковиќ му бил понуден играч кој во кариерата ја освоил Лигата на шампионите. Станува збор за Нигериецот Џон Оби Микел кој со Челси го освои најзначајниот трофеј во клупскиот фудбал.

Микел има 32 години оваа сезона настапува за Тразбон. Проблем за неговиот трансфер би можело да претставува обесштетувањето кое би изнесувало помеѓу 500.000 и 1.000.000 евра.

Scroll to Top